Спасовски: Никој не сака рестрикции, но мораме да знаеме дека животот и здравјето ни се најважни

од Берта Китинска

Секој ден ја анализираме состојбата со пандемијата преку Комисијата за заразни болести и со сите овие мерки што се преземаат имаме можност да ја ставиме под контрола пандемијата, секако дека ќе се размислува и на построги мерки ако има потреба, за кои очекувам дека нема да се случат, секако ако сите придонесеме. Колку сме пооодговорни толку подобро и за нас и за државата. Никој не сака рестрикции, да се затворат трговски субјекти на пример, така нема да функционира економијата и сето тоа би било удар, но сепак мораме да знаеме дека животот и здравјето ни се најважни. Затоа апелирам на строго придржување до мерките, само така ќе можеме да се справиме со пандемијата и само така можеме да се заштитиме лично, но и другите околу нас.“- изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на телевизија 24, во утринското „Студио 10“.

Тој потврди дека полицијата е во полн ангажман и дека има активности со секојдневни проверки на 17 000 граѓани кои се во изолација, ги придружува инспекциските служби при проверки на терен дали се почитуваат мерките за заштита и дека во сие сектори има активности за казнување лица кои не носат маски и не се придржуваат до мерките за заштита.

„Имаме околу 350 заразени службеници, што е мал процент во однос на вкупната бројка вработени во МВР. Ако го следиме зголемувањето на бројот на инфицирани во државата ќе видиме дека е зголемен за 10 пати, ние имаме околу два пати зголемување во рамките на МВР. Кај нас се почитуваат мерките, добро е да се одржува на вака ниско ниво на вирусот за да може да функционира македонската полиција на терен. И во редовните полициски активности, но и во поддршка на борбата против вирусот.“- дополни Спасовски.

Слични содржини