Спасовски: Новогодишната ноќ помина мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир

од Vladimir Zorba

Новогодишната ноќ помина мирно, без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, за што им благодарам на сите граѓани кои што празнуваа, прославуваа одговорно така како што апелиравме и што придонесоа сите заедно да направиме Новогодишната ноќ да ни помине мирно и безбедно така како што сите посакувавме, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Во оваа прилика оддавам признание за посветеноста и професионалноста на македонските полициски службеници, за одржување на безбедноста и мирот дури и за време на најлудата ноќ, дочекот на Новата година“, посочи тој.

Воедно, изрази голема благодарност до медиумите за точно и навремено известување.

– Продолжуваме со партнерската соработка и во 2023!, истакна министерот.

Слични содржини