Спасовски очекува многу скоро да биде откриен еден од заканувачите со бомби

од Nikola Popovski

Хибриден напад врз државата, монструозен чин, вака министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги опиша новите закани за бомби во средните училишта низ Скопје.

Според него, „институциите максимално се посветени во тој дел и очекува за многу скоро и кратко време да има реализација на откривање на еден од сторителите“.

-Очекувам многу скоро да откриеме, додаде Спасовски како одговор на новинарско прашање на прес-конференција во склоп на Министерската Конференција за одржливо управување со миграции во Западен Балкан во соорганизација на МВР со Канцеларијата на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), а на која присуствуваат министри за внатрешни работи од регионот.

Денеска беше осми ден како имаше заканувачки мејлови со бомби во седум средни училишта низ Скопје. Полицијата ги евакуира учениците и вработените во училиштатата, по што наставата беше во прекин. После завршените проверки и истрага, беше објавено дека дојавите за бомби биле лажни.

Првата дојава се случи на денот кога во земјава беше присутна претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен.

Слични содржини