Спасовски: Очекувам избори час поскоро, државата мора да функционира

од Nikola Popovski

Техничкиот премиер Оливер Спасовски по присуството на состанокот на Советот за безбедност изјави дека очекува час поскоро да се комплетираат институциите низ демократски избори каде ќе може да се искористи правото на граѓаните да избираат, да одлучуваат за тоа кој ќе ја преземе судбината за државата.

„Во овие моменти кога разговараме, една од причините за нови 14 дена вонредна состојба се темели и на тоа дека треба да носиме одлуки кои ќе значат поддршка на рестартирањето на македонската економија, поддршка на граѓаните, со цел да се надмине ова што ни се случуваше како резултат на здравствената криза“, рече Спасовски и дополнил:

„Уште поважно е дека мора да имаме функционални институции, кои ќе носат одлуки во интерес на здравјето и на економијата. Ние сега имаме нефункционален парламент, преодна влада формирана за одржување на парламентарни избори и состојба која не доведе да функционираме во услови на здравствена и економска криза“, изјавил Спасовски.

Премиерот смета дека во новата вонредна состојба ќе се завршат сите аспекти во справувањето со економските последици и ќе се продолжи со сите останати мерки за справување со кризата.

Тој апелирал да се почитуваат сите мерки и препораки, да се одржува дистанца, да се носи заштитна опрема, да се почитуваат протоколите донесени од здравствените институции.

Слични содржини