Спасовски од Куманово: Режимот беше подготвен да убива за да го спречи напредокот

од Vladimir Zorba

Стоевте на страната на правдата, вистината и прогресот. Куманово ја започна битката против фашизмот, за независна Македонија, ја започна и битката против режимот. Пред само три години државата беше на работ на граѓанска војна, само да се спасат криминалците на ВМРО-ДПМНЕ.

Посегнаа по највисокиот Законодавен дом – Собранието и сакаа да убијат пратеници за да се спасат. Имавме заробена држава. По само три години власт зборуваме за Македонија 30-та земја членка на НАТО и е пред почеток на преговори со ЕУ, деенска Македнија успешно гради Едно општество со грижа за сите.

Ова вечерва од Куманово го порача носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски заедно со претседателот на Комисијата за здравство на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче и кандидатот за пратеник од ИЕ 2 и претседател на ОО на СДСМ Куманово, Мартин Костовски, на завршната граѓанска трбина пред предизборниот молк на полнок, за предвремените парламентарни избори во среда, на 15 јули.

-Не калкулиравме со нашиот рејтинг туку како да направиме напредок за државата. Покажавме дека можеме, но и дека знаеме да реализираме програми. Не сакаме режим и мрачни сили во државата, напредок и прогрес сакаме, истакна Спасовски.

Слични содржини