Спасовски: Од протестот за „Монструм“ идентификувани се 14 лица кои оштетиле државен имот и возила

На денешната прес конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски посочи дека протестите се демократско право, но не смеат да ги прекршуваат правилата и прописите.

„Точно е дека се поднесени пријави и против организаторот на протестот бидејќи не се испочитувале протоколите, но и пријави за оние кои оштетиле имот на државата и возилата на МВР. Веќе се идентификувани и повикани на разговор 14 лица кои учествувале во овие настани“, посочи Спасовски.

Меѓудругото, осуммина припадници од МВР се под истрага за директно учество во нелегални активности за издавање на возачки дозволи на лица кои немале положено возачки испит, посочи Спасовски во одговор на новинарско прашање.

Спасовски вели дека се поднесени кривични пријави и против граѓани коишто извршиле поттикнување на нелегалните активности.

„Против тие 8 лица поднесени се кривични пријави и уште против 28 граѓани коишто извршиле поттикнување во однос на ова кривично дело. Истрагата продолжува, ќе се согледаат сите аспекти. Тие лица ќе бидат суспендирани од работа и ќе се водат и дисциплински постапки“, истакна Спасовски.

Слични содржини