Спасовски: Одлуката за полицискиот час ќе биде донесена врз основа на науката

од Берта Китинска

Министрите на седница на Влада во попладневните часови ќе одлучуваат за полицискиот час за претстојниот празничен продолжен викенд. Според најавите седницата ќе се одржи по 17:00 часот.

-Денеска ќе ја донесеме одлуката за полицискиот час која ќе биде донесена врз основа на науката, здравјето е поважно, изјави премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција.

Комисијата за заразни болести предлага продложен полициски час за претстојниот продолжен викенд, односно за празникот Барај. Предлогот е да има забрана за движење од сабота од 19 часот па се до вторник до 05 часот наутро.

 

Слични содржини