Спасовски:  По 15 години овој спор заврши, патот ни е отворен и одиме само напред кон ЕУ

од Берта Китинска

Премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција упати честитки за почетокот на преговорите со ЕУ.

-Денес од Брисел ни стигна нова убава вест, Република Северна Македонија ги почнува преговорите во најбрз можен рок, стигна верификацијата за нашиот труд.Реформите во судството, Владата и борба против криминалот кои ги поставивме уште од 2017 годинададоа резултати, а тоа денес беше ратификуавно од челнките на ЕУ.Денешното признание е по тешките одлуки решавање на долгогодишните проблеми со соседите со Преспанскиот и договорот за Добрососедски односи по 15 години овој спор заврши, патот ни е отворен и одиме само напред. Ова е нашата победа стануваме држава која оди кон патот на ЕУ ќе ги следи и новите трансформација, да се радуваме денес и во ист момент да се вратиме во реланота на битката со короната, порача Спасовски.

Слични содржини