Спасовски: Полицискиот час за време на викендот е воведен по барање на епидемиолозите

од Viktor Jovanov

Побаравме да се воведе вонредна состојба бидејќи државата се наоѓаше пред избори, кога имаме распуштен парламент, кога државата не може да носи одлуки преку законодавната власт, иако според мене има можност да се состане Парламентот, и во таква ситуација, во услови кога се создаваат сериозни последици потребно е да се носат одлуки, односно било која мерка да ја предложите и во делот на здравствениот сектор, и економијата, потребна е законска промена. Со вонредна состојба владата може да донесе мерки без законските промени, изјави техничкиот премиер Оливер Спасовски.

-Донесовме превентивни одредби дури кога никој од регионот немаше воведено. Донесовме навремени мерки и одлуки и тоа помага во спречување на масовно ширење на вирусот. Помогнавме на здравствениот систем и граѓаните, вели Спасовски.

Во однос на полицискиот час кој ќе биде воведен за време на викендот од 16 часот од 5 часот наутро Спасовски вели дека мерката е воведена по барање на епидемиолозите и е последица на непочитувањето на мерките за време на викендот особено забраната за собирање на повеќе од 5 граѓани во група.

-Врз основа на она што се случува за време на викенди во градовите, односно непочитување на мерката за собирање повеќе од 5 лица во група, се наложува експертите од делот на епидемиологијата понудат мерки пред владата што би значеле рестрикции на движење за време на викенд. Затоа е донесена одлкуката за полициски час за време на викендот од 16 до 5 часот наутро. Колку повеќе ги почитуваме одлуките толку овој период ќе биде пократок. Од оваа мерка се иземени само земјоделците кои се бават со раноградинарски култури бидејќи ќе треба да бидат на полињата за да ги одржуваат оранжериите и пластениците, вели Спасовски.

Слични содржини