Спасовски: Понудив да биде најден друг човек што ќе раководи со МВР

од Берта Китинска

Секој има право на свои видувања и коментари многу од тие личности се вклучија и дадао максимум од себе за да се направи напредок на државата. Нема да навлегувам во личните ставови и сугестии и оценки коишто биле дадени, Димитров беше еден од тие кој ги креираше политиките и ги носеше одлуките кои се однесуваат на надворешната политика така да сметам дека треба да се оддаде признание на сите луѓе кои работеа во овие процеси, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Студио 10“ во однос на изјавата на екс-вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

-Посебно сакам да се заблагодарам на Заев којшто донесе многу храбри и визионерски одлуки за кои и историјата ќе поврди дека биле исправни и за граѓаните и за народот, вели Спасовски .

Тој напомена дека при разговор со новиот мандатар Димитар Ковачевски понудил да се најде друг човек за раководство со министерството за внтрешни работи и на оваа позиција како што објаснува Спасовски влегол сосема растретно во овој избор на влада.

-Со Ковачевски имавме неколку средби на кои разговаравме на оваа тема. Јас понудив да биде најден друг човек што ќе раководи со МВР, рече Спасовски.

Слични содржини