Актуелно
Почетна / Македонија / Политика / Спасовски: Поставивме цели за извлекување од сиромаштија на најранливите групи во нашето општество

Спасовски: Поставивме цели за извлекување од сиромаштија на најранливите групи во нашето општество

„Како одговорна партија поставивме цели за извлекување од сиромаштија на најранливите групи во нашето општество, за обезбедување повеќе пари во секое семејство“, пишува техничкиот премиер Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.

„Денес, преку реформите со системот за социјална заштита, финансиската поддршка за 30.000 семејства е зголемена просечно за 300%.

Раст на просечната пензија која ќе изнесува 15.500 денари, што значи дека од доаѓањето на власт на СДСМ, просечната пензија се зголемува за 1.746 денари.

Средствата за национална поддршка во земјоделството и руралниот развој од ИПАРД програмата за оваа година имаат реализација од 99 %.

Jавноста го виде вистинското лице на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада и она што опозицијата може да го понуди – враќање на режимот, насилствата, несигурноста, нестручно и незаконско работење на штета на граѓните и државата“, посочува Спасовски.

loading...