Спасовски: Правда мора да има, и ќе има одговорност кај секој кој е поврзан со бегството на Мијалков

Во рамки на денешната прес конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски презентираше хронолошки приказ по повод бегството на Сашо Мијалков.

„МВР интензивно продолжува со потрагата по Сашо Мијалков. Информативни разговори имавме со десет лица, помеѓу кои и семејството и обезбедувањето. Одземени се телефони и документација кои можат да послужат во овој случај. Проверени се локациите и безбедносните камери. Најостро ги отфрлам шпекулациите дека имало политички одговор со било кого. Во саботата околу 12,30 часот имав повик од Русковска дека имала информации за бегство, за што ја пренасочив да испрати писмено барање. Потоа добивме известување дека Русковска го испратила барањето. По истото барање е постапено. Во меѓувреме во 22,30 часот е дадена наредба за набљудување. Издадени се насоки за ангажирање на други служби, особено на излезните точки од градот. Околу 15,05 часот било утврдено дека излегуваат возилата од подземната гаража, но не е утврдено дали во некое од нив се наоѓал и Мијалков. Извршивме претреси а три стана во негова сопственост. МВР ќе продолжи со сите расположливи средства да трага по бегалецот. Целата држава го очекуваше ова објаснување, и ги поттикнувам и другите институции да дадат објаснување. Правда мора да има, и ова не смее да ја сруши довербата на граѓаните во системот“, истакна Спасовски,  во рамки на денешната прес конференција.

Слични содржини