Спасовски: Приведен полициски службеник и запленета дрогра со висока вредност

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, попладнево на својот фесјбук профил информираше за акцијата спроведена во соработка со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА. Имено, се работи за запленета дрога чија вредност е висока, а во таа насока приведен е и полициски службеник.
„Во голема полициска акција заедно со Американската агенција за борба против наркотици – ДЕА запленета е дрога во вредност од над 800.000 евра, приведен е висок полициски службеник.
Продолжуваме заедно со нашите стратешки партнери во неселективна борба против криминалот“, се вели во фејсбук објавата на Спасовски.

Слични содржини