Спасовски: Признавањето на возачките дозволи во Британија е потврда дека ни ги ценат државата и институциите

од Nikola Popovski

„Признавањето на возачките дозволи во Британија е потврда дека ни ги ценат државата и институциите. После повеќегодишно преговарање потпишан е овој договор, како што пред две години беше потпишан и со СР Германија по 20 години преговарање“, изјави вечерва министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за вестите на Тв Канал 5.

Според него, реконструирани се 55 објекти на МВР низ државата, по сите стандарди за енергетска ефикасност и заштита на животната средина.

„Тоа е придонес на Министерството за внатрешни работи за заштитата на околината. Се реконстурира СВР Куманово, ПО Маврово-Ростуше, а наскоро и во ПО Прилеп, Крушево и Чашка. Изградивме и два капитални објекти – ИКТ центарот во Прилеп, зграда за крим техника, а наскоро и новиот Центар за странци“, вели Спасовски.

Тој се осврнал и на фактот дека во 2015 ималe едвај 7 дрегери и 10 радари, а денес имаме сериозна опрема и значително подобрени резултати.

„Минатата година ја завршивме со најдобри резултати во полето на сообраќајот во последните 30 години, а на завидно ниво се и резултатите во намалувањето на криминалитетот“, порача Спасовски, дополнувајќи дека продолжуваат со подобрување на условите за работа на полициските службеници преку набавка на опрема, а пристигнати се и новите униформи за сите единици на специјалната полиција кои што ќе бидат промовирани утре, на Денот на Македонската полиција.

Слични содржини