110
На денешната прес-конференција премиерот Оливер Спасовски го најави стартот на изборната кампања.
„Започнува кампањата во услови на пандемија, на 15 јули со сите заштитни мерки гласачите ќе излезат на гласање, во тек се подготовките за изборниот процес. Се повикувам на епидемиолозите кои велат дека процесот на гласање не го загрозува здравјето на гласачките места гласачите ќе се задржат 3 до 5 минути што е помалку од пазарувањето во маркет. Да си го оствариме гласачкото право и да се придржуваме до мерките, изјави премиерот Оливер Спасовски.