Спасовски: Пуштени се инспекциите на терен, имаме состојба кога некој сака да ќари врз грбот на граѓаните

од Берта Китинска

Во тој дел сме подготвени. Економскиот тим на владата прави анализи и во одреден момент, ќе понудиме мерки и решенија за економијата за сите заедно да го пребродиме овој период, рече Оливер Спасовски на гостувањето во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Спасовски предупреди дека никој не треба да профитира на грбот на граѓаните и дека инспектициите се пуштение на терен.

-Пуштени се инспекциите на терен, затоа што имаме состојба кога некој сака да ќари врз грбот, здравјето на граѓаните. Не сакам ни да замислам дека денеска може било која компанија да гледа низ призма на сопствениот профит. Колку повеќе луѓето се загрижени за здравјето, па да ги качуваат цените на продуктите. Во овие услови кога сите се бориме за справување со состојбата, никој не смее да профитира врз грбот на граѓаните, изјави Спасовски.

Слични содржини