Спасовски: Разговараме за тоа кој биде нов технички премиер, но засега нема одлука

од Viktor Jovanov

Не е значајно за државата да се занимаваме во овие 2 месеци кој ќе биде техничкиот премиер, за тоа прашање треба да се разговара и да се направат опсежни анализи кој ќе биде премиер до изборите. Разговараме во партијата за тоа, но се уште немаме одлука, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по најавата на премиерот Зоран Заев дека технички премиер ќе биде актуелен министер кој ќе ја напушти позицијата поради техничката влада.

Двајца министри кои ќе го сторат тоа се токму министерот Спасовски и министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

-Треба да се поразговара и да се видат можностите и луѓето. По важно за мене е да ги ставам во фокус работите кои се започнати во МВР и кои треба да се завршат до почетокот на техничката влада. Разговараме во партијата за тоа кој ќе биде технички премиер, но се уште немаме одлука, вели Спасовски.

Актуелниот министер очекува мирна атмосфера во која ќе се водат министерствата при техничката влада, за разлика од 2016 година кога, како што вели, партиската поларизација била на многу повисоко ниво отколку сега.

-Воопшто не се исти контекстите и односите во општеството пред 2016 година и сега.Како и да е, најважно е да имаме фер и демократска атмосфера, тоа беше и клучната цел на тогашната техничка влада иако при периодот на техничката влада во министерствата се случуваа доста негативни работи поради поделеноста помеѓу двете партии, вели Спасовски.

Тој вели дека посакува мирна атмосфера во која ке се водат министерствата во кои ќе дојде до промени поради техничката влада.

-Техничката влада во 2016 ни остави простор како понатаму да се развиваме бидејќи се покажа дека може да се организираат добри изборни процеси и да не бидат злоупотребувани институциите како МВР. Тоа е ниво на демократија, вели Спасовски.

Слични содржини