Спасовски: Размислував позитивно, како да ја добијам и оваа битка со коронавирусот, покрај другите битки во животот

од Берта Китинска

„Бев на Инфективната клиника во Скопје и видов посветност и пожртвуваност и тоа заслужува секаква почит. Кога имаше теории на заговор дали постоел вирусот, и сега кога ја гледаме реалноста неопходно е секој граѓанин да размисли за секој еден болничар, сестра, лекар… кои секојдневно се борат за сечиј живот и затоа сметам дека му треба поддршка на здравствениот систем. Таму видов професионалност, пожртвуваност буквално кон сите пациенти“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во „Студио 10“ на телевизија 24.

Тој изјави дека денеска му е првиот работен ден во МВР по тешката битка со Ковид 19.

„Денеска е мој прв работен ден во МВР после тешката битка со Ковид 19. Најважно во справувањето со болеста е одговорноста што ја имаме како граѓани и во почитување на мерките, но и вниманието кон семејството, пријателите, со почитување на мерките да покажеме дека ги почитуваме здравствените работнци. Затоа им благодарам на сите кои се ангажирани во здравствениот систем, да им помогнеме секој на свој начин, да се носи заштитна опрема, да се споделуваат информации ако некој има симптоми, да оди секој случај преку здравствениот систем затоа што пријавувањето на лекар е многу важно. Благодарам и на медииумите, сето тоа што го правите ја подигате јавната свест и сето тоа преставува помош. Апелирам сите заедно да си помогнеме и да излеземе како победници.“- изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во „Студио 10“ на телевизија 24.

Тој на јавноста и го пренесе личното искуство во справувањето со болеста и истакна дека сепак најважна била посветеноста на лекарите, а потоа и поддршката на семејството и пријателите.

„Бев на Инфективната клиника во Скопје и видов посветност и пожртвуваност и тоа заслужува секаква почит. Кога имаше теории на заговор дали постоел вирусот, и сега кога ја гледаме реалноста неопходно е секој граѓанин да размисли за секој еден болничар, сестра, лекар… кои секојдневно се борат за сечиј живот и затоа сметам дека му треба поддршка на здравствениот систем. Таму видов професионалност, пожртвуваност буквално кон сите пациенти.“- рече Спасовски на телевизија 24.

Слични содржини