Спасовски: СДСМ инвестираше 840.000 евра во 11 километри патна инфраструктура во општина Сопиште

од Nikola Popovski

СДСМ во минатите 4 години инвестираше 840.000 евра во 11 километри патна инфраструктура во општина Сопиште, изјави потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски како дел од маалската средба со граѓаните во Сопиште.

Според него, поради најдобрата кадровска и програмска понуда СДСМ е фаворит на овие локални избори.

-Ја комплетиравме понудата на кандидати за градоначалници во 69 општини. Една од нив е и Сопиште општина која со години е запоставена од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа за Сопиште имаме квалитетна силна понуда во кандидатот Сашо Стојановски кој многу добро знае што му треба на Сопиште кој е подготвен да работи посветено за своите сограѓани. СДСМ со Стојановски оди на победа на овие локални избори, заклучи Спасовски.

Слични содржини