Спасовски: Сите политички субјекти да бидат на висина на задачата за новиот закон за јавно обвинителство

од Aleksandar Petrovski

Премиерот Оливер Спасовски не очекува застој во носењето на новиот закон за јавно обвинителство, при што порача дека е неопходна соработка на вклучени страни во процесот.

При неговиот престој во Кочани по повод празникот Богојавление – Водици, тој нагласи дека се работи за прашање од висок државен интерес.

– Ќе направиме сè во наредниот период да работиме сите заедно и сметам дека секој од политичките субјекти треба да биде на висина на задачата. Да разговараме и да изнајдеме решение, со цел да ги оствариме нашите национални интереси, а тоа и членството во НАТО и во Европската Унија, истакна Спасовски.

Премиерот даде краток одговор и на новинарско прашање за пристапувањето на земјата кон НАТО.

– Тоа е тековно прашање и очекуваме дека ќе се заврши во најскоро можно време. Македонија ќе стане триесетта земја членка на НАТО, додаде Спасовски.

Во врска со најавените измени во Законот за медиуми, Спасовски истакна дека се прават неопходните анализи и од добиените податоци, во комуникација со медиумите, ќе биде предложено соодветно решение.

Слични содржини