Спасовски: Суштината на Договорот со Фронтекс е приближувањето до ЕУ

од Vladimir Zorba

„Суштината на Договорот со Фронтекс е приближувањето до ЕУ кое значи европски вредности во институциите. Политичката придобивка со потпишување на Договорот со Фронтекс на македонски јазик значи дека покажавме, докажавме дека никој не може да разговара за нашиот македонски идентитет и македонски јазик“, сподели на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Поголема безбедност, поголем просперитет, економски развој, квалитетно образование, квалитетно здравство. Тоа се теми коишто ќе бидат теми од потпишување на било какви билатерални договори тука.

Практично, овој Договор со Агенцијата за гранична и крајбрежна стража создава правна рамка за распоредување на полициски службеници од оваа Агенција, на границите на РСМ, и тоа по барање на РСМ. Се прави Посебен оперативен план, се прават проценки, таму каде што се тие места најкритични за заштита на границата.

Притоа, е многу важно дека ќе се споделуваат и ќе се разменуваат знаења и искуства помеѓу полициските службеници, тие ќе работат исклучиво со македонските полициски службеници, сите дејствија кои ќе ги преземаат треба да ги преземаат заеднички. Исто така е важно дека ќе се користат сите бази на податоци и може да се користат сите видови на опрема со која располага Фронтекс.

Тоа го зголемува капацитетот на обезбедувањето на границите, безбедноста генерално на државата“, додава тој.

Слични содржини