Спасовски: Упатувам апел да не се отпуштаат работници, а работниците да не ги потпишуваат спогодбените договори

од Берта Китинска

Уредба со законска сила  ќе има и за физичките лица како фризери, занаетчии и други погодени од кризата од епидемијата со коронавирусот, најави денеска на прес-конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски.

-Се предвидува исплата на финансиски средства на трансакциска сметка за април и мај ќе имаат исплата најмногу до 14.500 денари месечно.

Во врска со отпуштањата на работници за време на кризата премиерот посочи дека работниците не треба да потпишуваат спогодбени договори

-Отпуштените работници за време на кризата во случај на невработеност според законот член 68 и врз основа на нивниот стаж ќе добијат финансиска помош и тоа ќе биде дел од мерките кои ќе се користат. Нема драстичен број на отпуштени, бројката не е голем и не е драстична како што некој сака лажно да ја прикаже состојбата. Упатувам апел да не се отпуштаат работници, и работниците да не потпишуваат  спогодбени договори за отпуштање државата помага на работниците , а работниците да не потпишуваат, има закон кој ги штити и тие може да не одат на работа и да користат 50 или 70 посто од платата, изјави Спасовски .

Слични содржини