Спасовски: Уште колкумина од обвинетите и осудените во предметите на СЈО, покрај Камчев, донирале во ВМРО-ДПМНЕ?

од Vladimir Zorba

Техничкиот премиер Оливер Спасовски денеска го повика лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да излезе и конкретно да одговори во јавноста кој точно ја финансира партијата ВМРО-ДПМНЕ и со какви пари.

„Уште колкумина од обвинетите и осудените во предметите на СЈО, покрај Орце Камчев, донирале во ВМРО-ДПМНЕ? За тоа ли толку се противеше Мицкоски на Законот за јавно обвинителство, за пари и за да штити финансиски криминал? Мицкоски ова треба да го каже јавно и ако тој не појде сам да им го каже и на институциите, тие се должни да постапат по допрен глас“, вели Спасовски.

Слични содржини