Уставните измени се неопходност. Тоа не е политика, уште помалку треба да биде политиканство тоа што го прават партиите. Националните интереси треба да биат врвен интерес н секој политичар, затоа што не гледаме алтернатива. Ако има две-три опции за тоа каде ја гледаме Македонија, тие треба да бидат понудени и презентирани пред народот. Огромното мнозинство граѓани сакаат да бидеме дел од ЕУ и ние треба да бидеме насочени кон тој пат, кажа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во емисијата „Студио 10“.
Министерот истакна дека преговорите со ЕУ нема да значат ништо имагинарно, туку конкретни активности и вредности.
-Да размислуваме така како што посакуваме да ни функционира државата. Секогаш можностите се во дијалогот и разговорите. политиката по дефиниција е уметност на можното. Убеден сум дека постојат структури кои можат да ја разберат сериозноста и неопходноста на овој момент што треба да се искористи. Знаете дека за ставовите на политичките лидери сме навикнати да ги менуваат од ден во ден и од час во час, но на крајот мора некој да ја води оваа битка и да ја добие со влегувањето на РС Македонија во ЕУ, кажа Спасовски.
На прашањето дали ќе се кандидира за претседател на државата, Спасовски одговори дека за тоа не се разговарало во органите на СДСМ.
-Не би сакал во МВР да разговарам на теми кои што се внатрепартиски и не се од интерес за сите нас, вели првиот полицаец во државата.