Спасовски: Во 2022 имаме намалување на криминалитет и за 50 отсто зголемена ефикаснот во борба против корупција

од Stefanija Kuzmanovska

Изминатата 2022 година покажа дека се враќа довербата во полицијата, во институциите и во перцепцијата за безбедноста. Имаме намалување на вкупниот број на кривични дела, на вкупниот криминалитет и зголемување на ефикасноста во борбата со криминалот и корупцијата, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на годишната конференција „Година на нови можности“.

Тој додаде дека има зголемена ефикасност во борбата против трговија со дрога и кажа дека изминатата година се запленети околу 2,4 тони дрога и околу 20 тони прекурсори.

„Тоа говори дека добрата стратешка поставеност и активностите на сите колеги и нивната посветеност даваат резултати и таквиот тренд ќе продолжи и понатаму“, рече Спасовски.

Слични содржини