Спасовски во Куманово: Нашата цел за следниот мандат е 34.000 денари просечна плата и 20.000 денари минимална плата во државата

од Берта Китинска

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, на средбите со жители на Куманово зборуваше за новата македонска економија што ќе донесе сигурна иднина за сите.

Во месната заедница Гоце Делчев, Спасовски зборуваше за вложеното во инфраструктурата во ИЕ 2 изминатите три години.

„Во патната инфраструктура во ИЕ 2 со поддршка на централната власт се реализирани 8 проекти во должина од 101.90 км, со вкупна вредност од 12.251.707 евра, за патиштата: Опае-Белаковце-Станчиќ; Куманово-Миладиновци; рехабилитација на регионалниот пат: Куманово-Свети Николе со поддршка од Светска Банка; патот Куманово – Свети Николе со поддршка од ЕБОР; за реконструкција на регионален пат Куманово-Опае; за рехабилитација на регионален пат Куманово-Никуштак; Куманово – Пелинце; Пелинце – ГП Пелинце.

Со поддршка од локланата власт вложено е во 16 завршени проекти патна инфрастуктура и 24 проекти се во тек.

Реализирани се и два проекта за водовод и канализација, со поддршка од централната власт, во вкупна вредност од 1.009.524 евра за изградба на фекален колектор во н.м. Речица и за реконструкција, употреба и одржување на дел од водоснабдителен систем на Куманово“ рече Спасовски.

Тој додаде дека и во време на здравствено-економската ситуација не е запрен ниту еден капитален проект и дека инвестициите ќе продолжат затоа што коалицијата Можеме има за цел постигнување повисок животен стандард.

„Капиталните проекти значат нови работни места и повисоки лати. Нашата цел за следниот мандат е 34.000 денари просечна плата и 20.000 денари минимална плата во државата“, рече Спасовски.

Носителот на листа се сретна со граѓани од различни етнички заедници во Куманово и нагласи дека мултиетничноста на оваа ИЕ 2 е богатство за државата, бидејки е основата на концептот Едно општество за сите на што во последниве три години посебно се посветува внимание.

На средбата со граѓани во градкиот Парк во Куманово, Спасовски посочи на изградената пречистителна станица во Липково и нов граничен премин Белановце – Станчик. Во наредниот период ќе вложуваме уште повеќе.

И овој парк каде е денешната средба ќе го реконструираме. Се грижиме за сите, не ги делиме луѓето и создаваме услови еднакви услови за живот на сите, така ќе продолжиме да работиме и во следиот мандат“, рече носителот на листа Оливер Спаосовски на средбите вчера во Куманово.

Слични содржини