Спасовски: Вториот „Ер-трактор“ до 5. август треба да се врати од ремонт

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во делот на справување со пожарите информира дека добро е што се разговара за ова прашање и пожелна е поопсежна дебата.

-Не треба да разговараме само кога имаме такви проблеми. И минатата година се соочивме со голема стихија, за која се направија вистински штети и тоа покажува дека мора да се консолидира тој степен на заштита. Верувајте дека мора да се преземат радикални мерки за управување на системот со кризи. Овој модел кој го има С. Македонија не е најсоодветен, бидејќи има две независни агенции за управување со кризи. Клучно е да се воспостави систем. Подеднакво мора да се постапува согласно законите. Ќе мора да се тргнува од најниско ниво. Сите противпожарни бригади мора да бидат ставени на локално ниво, рече Спасовски како одговор на пратеничко прашање.

Спасовски зборуваше и за авионите за гаснење пожари „Ер-трактори“.

-Вториот „Ер-трактор“ до 5-ти август треба да се врати од ремонт, а првиот веќе е во функција и учествува во гаснењето на пожарите, информираше Спасовски.

Слични содржини