Спасовски: Вториот пензиски столб се пари на секој осигуреник лично, Владата не може да посегне по него

од Берта Китинска

Владата не може да посегне по Вториот пензиски столб. Вториот пензиски столб се пари на секој осигуреник лично, напиша премиерот Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.

-Не можам да разберам како може лидер на опозиција или опозицијата да посегне по лични финансиски средства. Тоа е исто како сега да кажете сите кои имаат штедни влогови во банките, државата може да донесе одлука и да рече да им ги земаме штедните влогови, стои во објавата на премиерот.

Слични содржини