Спасовски: За две и пол години ја зголемивме минималната плата за 60 отсто

од Aleksandar Petrovski

Техничкиот претседател на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, вицепремиерката Мила Царовска, директорката на УЈП Сања Лукаревска, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров и Кристина Ампева од невладината „Гласен Текстилец“-Штип, денеска ја посетија текстилната конфекција „Албатрос“.

Техничкиот премиер, Спасовски кажа дека е горд што Владата успеа во изминатите две и пол години за 60 проценти да ја зголемија минималната плата, но почнале и значајни процеси, кои како што рече ќе ги продолжат и понатаму и тоа во делот на помагањето на економијата и на работодавците, но од друга страна и да се заштитат работниците и нивните права.

-Меѓутоа не застануваме тука, туку со дијалог ќе продолжиме понатаму да ја зголемуваме минималната плата, како што ќе се менуваат и условите за водење бизнис во државата и како ќе расте економијата. Навистина многу значаен момент е тоа што за првпат веќе се изедначува минималната плата за сите гранки и за кожарската индустрија и за текстилната индустрија, што досега не беше случај. Затоа благодарам на сите и на работодавачите и на работниците за дијалогот, којшто го направивме и ги постигнавме овие заеднички успеси и резултати, вели Спасовски.

Забележа дека многу е значајно што се донесени значајни мерки за стопаството, а и изедначени се и домашните и странски компании во делот на олеснувањата за водење на бизнисот.

– Сакам да напоменам дека веќе се поделени над 35 милиони евра на над 200 компании како директна државна помош, во развојот на бизнисот и на економијата. Драго ми е што денеска овие разговори протекоа по констатација дека навистина сме направиле доста во овој дел, но ни останува да работиме и да направиме уште многу повеќе, вели Спасовски.

Вицепремирката за економски прашања Мила Царовска истакна дека текстилниот сектор бележи стабилизација.

-Имаме сега чувство дека се слушаме помеѓу себе и тоа е така, затоа што оваа Влада не прави ниту еден чекор, кој е надвор од консулатции, или насилен чекор, што ќе значи наметнување на одредени политики или за работниците или за работодавачите. Токму преку тој социјален дијалог покажавме дека ја донесовме минималната плата, којашто денеска е 14.500 денари, а којашто е во насока на подобрување на квалитетот на животот на работниците, никако на товар и со притисок на работодавачите, рече Царовска.

Таа додаде дека минатиот месец државата исплати субвенции за придонесите на 4.500 вработени за зголемување на платите.

Директорката на УЈП, Лукаровска истакна дека конфекцијата „Албатрос“ е една од компаниите, каде што се гледаат ефектите од мерките кои ги донесе Владата, во интерес на стопанството.

-Со унапредување на економските мерки ќе имаме и повисок стандард за работниците и задоволни работодавачи и исто така и успешка и економски стабилна држава, во којашто живееме, вели Лукаревска.

Претседателот на Организацијата на работодавачи, Ангел Димитров кажа дека компанијата „Албатрос“ е добар пример каде се почитуваат работничките права и сите економски и социјални стандарди, а токму затоа и работи со странски партнери кои знаат да го ценат тоа.

-Законот за субвенционирање на придонесите за пораст на платите се гледа дека функционира и во компаниите кој тој пораст го направија, заради законот за минимална плата, значи на еден начин заради законски обврски, но и во компании, каде што тој пораст на платите за да ги мотивираат своите работници да бидат позаинтересирани во компанијата и да работат попродуктивно и во двата случаи законот ги охрабрува работодавачите да преземат такви мерки, да влоќуваат во подобра автоматизација на своето производство, во подобри услови, со цел да добијат подобро производство и да ги покачат платите, вели Димитров.

Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ истакна дека е задоволна што по три години работниците имаат минимална плата од 14.500 денари.

-Јас останувам претставник на работниците од овој сектор, затоа што синдикатите ги нема баш. Останува да внимаваме на мерките, коишто ќе се добри за работниците, коишто ќе се добри за компаниите. Меѓутоа доколку има работодавачи коишто сакаат да ги кршат работничките права или законите, тука сум да ги алармиран институциите, вели Ампева.

Таа посочи дека до нив се пристигнати  забелешки од страна на работниците за исплатата на минималната плата, а станува збор за три до четири конфекции коишто на дел од работниците не им ја исплатиле зголемената минимална плата.

Слични содржини