Спасовски за инцидентот во Битола: Напад врз полицаец е напад врз државата, треба сите заедно да се штитиме

од Берта Китинска

Потребно е прво  да се  разгледаат сите аргументи и факти, па потоа да се носи суд, изјави  министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во врска со инцидентот од Битола.

Тој додаде дека постапката е во фаза на истрага, додавајќи дека не оправдува насилство.

-Ја видов новата снимка од инцидентото во Битола,  треба да ги почекаме сите аргумети и факти па да се донесе суд . Случајот е во истрга, најаважно  е да се донсат одлуки за  тоа кој го прави делото. Воедно не смее да се генерализира, треба да се издвојат оние припадници што ги пречекоруваат должностите и тие да сносат одговорност. Напад врз полицаец е напад врз државата, треба сите заедно да се штитиме меѓусебно. Да ги штитиме граѓаните и да ја штитиме макеоднската полиција, затоа што секогаш кога е тешко бараме помош од македонската полиција.Не оправдувам насилство  како и  напад на полицајци изјави министерот за внатрешни работи.

Слични содржини