Спасовски за ковид-сертификатите: Лекарите да не издаваат лажни документи, секогаш се бара начин за „изигрување“ на одлуките

од Nikola Popovski

Кога се носи нова одлука, постојат група на граѓани кои секогаш бараат начин да ја заобиколат и да не ја почитуваат одлуката и тоа е од самиот момент на почеток на кризата, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за влезот во угостителските објекти и моловите со ковид-сертификати.

Според него, одреден процент на граѓаните истакнуваат теории на заговор.

-Не водат сметка дека со тоа директно наштетуваат на себеси, семејството и општеството. Има одредени пријави и имаме отворено предмет за злоупотреба на такви здравствени сертификати. Зесега нема кривични пријави, информира Спасовски за емисијата „Жешко политичко лето“, откако беше објавено дека граѓани бараат од матичните лекари да им издаваат сертификати дека примиле вакцина.

Спасовски додаде работат по постапка и повик на ДПИ и дека воглавно се почитува одлуката во угостителските објекти.

-Лекарите нема да направат ништо добро со вакви потези околу „изигрување“ на одлуката. Почитувањето на мерките дава резултати во стопирање на ширење на вирусот, потенцира Спасовски.

Слични содржини