Спасовски за „Локално“: Не знаеме дали Мијалков има двојно државјанство, но за азил сме сигурни дека нема да добие

„Според сите анализи и проценки, сметаме дека се уште Мијалков е во државата. Потражните дејствија се во тек, и ако знаевме досега каде е, тој ќе беше притворен“, одговори министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на новинарско прашање, дали Мијалков е се уште во земјава.

На новинарско прашање за „Локално“, за тоа дали има сознанија за тоа колку државјанства има Сашо Мијалков и дали се проверени камерите на граничните премини, министерот Спасовски вели:

„Според сознанијата нема информација дали има двојно државјанство. Тој е на стоп листа од 2017. година, такашто на граничните премини имаме следење за тоа дали излегол и тука во секој момент можеме да ја добиеме информацијата. Затоа сметаме дека е во државата и не ја напуштил“.

Побаравме и одговор за тоа што доколку имаме сценарио како бегството на Груевски, дали во тој случај Спасовски ќе понесе одговорност за ова бегство,на што министерот одговори дека токму поради фактот што тој не може да ја напушти земјата дава до знаење дека не е возможно сценариото за добивање на азил.

Во однос на тоа пак, дали е побарано блокирање на сметките и колку се има увид на истите, Мијалков го впери прстот за одговори кон другите надлежни органи, но потенцираше дека во рамки на истрагата е и увид во поседот на имот кој Мијалков го поседува и посочи дека истиот треба да биде конфискуван.

А.В.

 

 

Слични содржини