Спасовски за милениците: Нема промени во полицискиот час, граѓаните мора да се организираат согласно мерките

од Viktor Jovanov

Последните неколку дена по воведување на полицискиот час односно забраната за движење по 21 часот, во јавноста се отвори прашање околу физиолошките потреби на миленици. Поголема група граѓани велат дека не е во ред милениците да се воздржуваат толкав временски период и дека мора да се најде решение за тоа.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски истакна дека нема да има исклучоци во однос на тоа и дека секој граѓанин треба да се организира соодветно на мерките.

-Не може да се направи исклучот за шетањето на животните. Мора да се почитуваат мерките и согласно на нив граѓаните треба да се организираат. Важно е овие препораки да бидат почитувани, што побрзо да се ослободиме од вонредната состојба и една по една мерките да бидат елиминирани. Ова нема да се случи преку ноќ, целиот период треба да го пребродиме максимално и за тоа секој од нас треба да помогне, вели Спасовски.

Слични содржини