Спасовски застана зад кандидатурата на Ковачевски

од Nikola Popovski

Министерот за внатршени работи и актуелен потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски јавно го поддржа заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски во неговата трка за лидер на партијата.

-Идниот претседател на СДСМ е мојот сограѓанин Димитар Ковачевски и оттука од мое Куманово упатувам силна порака – убеден сум дека одговорно и посветено ќе ја води партијата и со новото раководство ќе го осигура континуитетот на успешните политики и ќе продолжи да го гради општеството со социјалдемократски вредности, едно општество за сите наши граѓани, затоа што СДСМ постои за граѓаните и работи пред се’ за доброто на општеството, објави Спасовски.

Тој потенцира дека тие се во постојан контакт со граѓаните и дека така и ќе продолжат, нудејќи конкретни решенија за конкретни проблеми.

-Повикувам на 12 декември да го избереме Димитар Ковачевски за нов претседател на СДСМ, а на другарот Димитар му порачувам да биде најмалку како што беше Зоран Заев за Куманово!, побара Спасовски.

Слични содржини