Спасувачите извлекоа уште тројца преживеани од урнатините во Антиохија

од Radmila Tasevska

Спасувачите успеаја да извлечат уште тројца преживеани од урнатините во Антиохија, на југот на Турција, повеќе од 260 часа по земјотресот што го разори регионот, соопштија денес турските власти.

14-годишно момче и двајца мажи се спасени од урнатините, потврди турскиот министер за здравство Фахретин Коџа на Твитер.

Според последните податоци, во земјотресот загинале повеќе од 41.000 луѓе.

Земјотресот беше со јачина од 7,8 степени и ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари во 04:00 часот.

Слични содржини