Не е доволно само специјален Јавен обвинител, потребни се и специјални судови кои ќе ги водат случаите произлезени од прислушуваните разговори и нивната содржина – ова е ставот на дел од универзитетската фела за конечно решавање на политичката криза, пишува 24 ТВ

суд правда

Правосудниот систем е дискредитиран и работи зависно од власта, оценуваат дел од експерите, па оттука тие решението го гледаат во измени на Уставот кои ќе овозможат целосна независност на новиот обвинител.

Универзитетскиот професор по Уставно право Светомир Шкариќ предлага уставни амандмани кои на новиот Обвинител ќе му овозможат автономија во работата, без хиерархиска подреденост под Државното Обвинителство.  Професорот Љубомир Фрчкоски предупредува дека и да се донесе нов закон за обвинител, истиот може да биде оспорен пред Уставниот суд.

А токму Уставот, како што изјави премиерот Гуевски е црвената линија во преговорите за ВМРО-ДПМНЕ, и токму поради тоа СДСМ и лидерот  Заев,бараат  законското решение за специјалниот обвинител да помне преку парламентот за да  биде уставно. Впрочем поради тоа е и нивното враѓање во пратеничките клупи и прекинувањето на 16 месечниот бојкот… За сега во функција на заплеткување на работите се пуштаа и тезите за специјален суд, што не е исклучено преговарачките тимови во функција на влечење на преговорите да го потегнат и да се заплеткаат и по  тоа прашање.

Слични содржини