Спектакуларна глетка: Комета фатена над Јадранско море (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Видеото на кометата Неовајс, како лета над Јадранското Море, стана вирално на социјалните мрежи.

На клипот се гледа како кометата лета над облаците, а во позадина се гледаат одалечените sвезди.

Според НАСА, кометата Неовајс, која е со дијаметар од околу пет километри, е неочекувано „видлива“.

Ова небесно тело е откриено на крајот на март, а научниците тврдат дека нејзиниот орбитален период ќе трае 6.776 години.

Слични содржини