Спектакуларни „фонтани“ од лава: „Вакви ерупции се ретки“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Ерупциите на Етна траат со денови. Спектакуларните „фонтани“ од лава кои го осветлуваат сицилијанското небо ги зачудија дури и искусните вулканолози.

Вулканологот Борис Бенцке од Националниот институт за набљудување на Етна рече дека вакви ерупции ретко се гледале во последните децении.

– Дали ја нареков ерупцијата на лавата ноќта помеѓу 20 и 21 февруари неверојатно моќна? Па, ерупцијата во ноќта после тоа беше многу помоќна – твитна тој, пренесува courthousenews.

Вчера, фонтаната од лава исфрлена од Етна премина надморска височина од 1.500 метри, пишува „Гардијан“. Засега нема извештаи за штети или повредени.

Покрај голема количина лава, Етна испушта и огромни количини чад и пепел. Блискиот аеродром Катанија привремено е затворен, а градот Педара минатата недела беше под дебел слој од пепел.

Етна е најактивниот вулкан во Европа и еруптира релативно често. Последната голема ерупција беше во 1992 година. Нејзините ерупции во последните децении ретко предизвикаа штета или повреди – а официјалните лица сметаат дека оваа ерупција нема да биде исклучок.

Слични содржини