Спие дури 300 дена во годината: Поради ретката состојба, Индиец може да работи само пет дена во месецот

од Stefanija Kuzmanovska

Индиец неодамна се појави во медиумите поради состојба што предизвикува прекумерно спиење, па тој поминува дури 300 дена во годината спиејќи. Бизарниот случај на мажот по име Пукарам од селото Бадуа во Раџастан се карактеризира како „хиперсомнија“, поради што една тура на спиење за него може да трае и до 25 дена.

Пред 23 години, кога на Пукарам за првпат му беше дијагностицирана ретка болест, спиел 15 часа на ден, но симптомите постепено се влошувале и до 2015 година, неговото семејство започнало да брои спиење со денови наместо со часови. Сопственикот на мала продавница би спиел повеќе од 7 или 8 дена одеднаш, но состојбата постојано се влошувала. Сега, од 365 дена, тој спие 300.

Пукарам е сопственик на продавницата, но поради неговата состојба, тој може да работи само 5 дена месечно. Понекогаш заспива додека е на работа, а штом тоа се случи – не се буди. Се што неговото семејство може да стори е да го однесе дома, да го храни и да го капе додека спие.

Во моментов нема сигурен лек за неговата состојба.

Слични содржини