Списокот со 344 газди кои не исплатиле плати за вработените оди во ОЈО

од Nikola Popovski

Дури 243 газди се спасија од кривична одговорност за злоупотребата на државните пари за исплата на минималец за работниците. Владата денеска ќе поднесе барање до Основното јавно обвинителство за работодавачите кривично да одговараат. Со истите бројки излезе и Управата за јавни приходи.

Од првичните 708 компании, заклучно со 7 август, за април плата не исплатиле 147 фирми, а за мај 197, или вкупно 344 фирми велат од УЈП. Сега , покрај тоа што ќе треба да ги вратат парите, се соочуваат со парична казна од 3,000 евра за правното лице, 900 евра за законскиот застапник, односно директорот, како и затворска казна од 1 до 10 години.

Првично УЈП објави дека вкупно 708 газди за два месеци,  не исплатиле околу 385.000 евра на над 1.700 вработени. Но до јавното објавување на фирмите паѓаа и бројките. Првичниот список беше со под 600, за финалниот список да брои 344 компании – неплаќачи. Не исплатиле над 180.000 евра на 800 вработени.

Неделава се очекува да бидат објавени и листите на газдите кои не ја исплатиле платата во целост. Станува збор за 3,700  компании кои на над  53 илјади вработени им дале помалку од минималецот кој го добиле од државата.

Слични содржини