Спласнува ситуацијата: Филипче, вели дека се намалува бројот на новозаразени со ковид

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека бројот на новодијагностицирани се намалува, а мал е бројот на ученици кои се заболени. Според него, ситуацијата спласнува во овој момент.

-Овие трендови на намалување на бројките продолжуваат и на вкупниот број на новодијагностицирани. Вчера нивниот број изнесуваше околу 490, значи под 500 и се намалува и бројот на прегледи во болниците. Еден од најголемите индикатори ни се прегледите на Инфективната клиника и таму се просечно од 120, 130 кога беше големиот притисок, сега е некаде околу 90, рече Филипче.

Нема притисок во болниците таму каде што висок е опфатот со вакцинација, на пример во Кавадарци, во Неготино, во Охрид, во Битола, во Ресен, во Гевгелија, а голем е онаму таму каде што е помал опфатот на вакцинација.

Од вкупниот број пациенти кои се хоспитализирани, а вакцинирани, најголем се со само една доза. Сепак според министерот, тоа е потврда дека е потребно време да помине да се развие имунитетот.

-Со сите вакцини имаме хоспитализирани пациенти, имаме и со „Фајзер” и со „Спутник”, имаме и со кинеската вакцина, имаме пациенти од странство кои се вакцинирале со „Модерна”. Значи, во тој дел нема некоја разлика, рече Филипче и додаде дека младите кои починаа од Ковид-19 биле невакцинирани.

Слични содржини