Спогодба за потрага и спасување во воздухопловството меѓу С. Македонија, Словенија, Србија и Црна Гора

од Stefanija Kuzmanovska

Цивилните воздухопловни власти на Северна Македонија, Словенија, Србија и Црна Гора денеска во Охрид ќе потпишат спогодба за потрага и спасување во областа на воздухопловството.

На настанот ќе се обратат министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Томислав Тунтев.

Со потпишување на спогодбата, се утврдува рамка за соработка на членките на Регионалниот советодавен комитет за потрага и спасување во цивилното воздухопловство (RASARAC), чие претседавање годинава го презема АЦВ.

Со договорот ќе се зајакнува меѓусебната соработка и поддршка на земјите членки во градење, развој на капацитети, размена на искуства и знаења во областа на потрага и спасување на воздухоплови, подобрување на оперативната прекугранична соработка, како и взаемна поддршка при имплементацијата на ICAO стандардите, регулативи и процедури во областа.

Во Регионалниот советодавен комитет за потрага и спасување во цивилното воздухопловство партиципираат претставници на земјите-членки: Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Словачка, Словенија, Хрватска и Црна Гора, како и земјите-набљудувачи и учеснички Чешка и Унгарија.

Слични содржини