Споредбено со минатата година три пати пониско загадување во Скопје

од Viktor Jovanov

Последните податоци од мерните станици за квалитетот на воздухот во скопскиот покажуваат намалување на присутноста на ПМ10 честичките изминатите 2 дена. Според мерењата, од 5 јануари до денеска ПМ10 честичките се под границата од 50 микрограми на метар кубен.

За разлика од сега, претходната година во овој период коефициентот на концентрација на ПМ10 честички во воздухот изнесувал 150 микрограми на кубен метар односно 3 пати повеќе од дозволеното.

Актуелната влада со доаѓањето на власт најави активни мерки против загадувањето од кои голем дел се веќе имплементирани. Станува збор за подобрување на капацитетите на инспекторатите за животна средина за вршење на инспекциски надзор преку законски измени, намалување на емисиите на загадувачки супстанци од затоплување во домаќинствата, реализација на планот за зазеленување со средствата од компензацијата за изградбата на гасоводот на Водно, Измени на законот за возила (Воведување на еколошки налепници, субвенции за набавка на електрични и хибридни возила, субвенции за вградување на уреди кои користат нафтен или земен гас), преструктуирање на јавниот транспорт, воведување на зимски режим на сообрaќајот, воведување Park&Ride систем, итн.

Слични содржини