„Спортс илустрејтед“ ја прогласи Рапино за „Спортска личност на годината“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Напаѓачката на националниот фудбалски тим на Соединетите држави, Меган Рапино, беше прогласена за „Спортска личност на годината“ во традиционалниот избор на списанието „Спортс илустрејтед“.

Рапино им помогна на Американците да ја освојат светската титула и исто така ги собра наградите за најдобар стрелец и најдобар играч на турнирот. Таа исто така ја освои „Златната топка“, а доби и голем број честитки за нејзината активна вклученост во борбата за родова еднаквост.

„Спортс илустрејтед“ ја додели наградата на фудбалската репрезентација на САД во 1999 година, а сега Рапино станува првиот претставник на играта, што ја освојува наградата индивидуално.

Слични содржини