Спотифај обелодени која е најслушаната песна во последниве 10 години

Сервисот за стримање на музика Spotify ја објави листата со најслушани песни, албуми и изведувачи во последните 10 години, а открија дека изведувачот чија музика луѓето најмногу ја стримале е Дрејк.

Раперот „собра“ повеќе од 28 милијарди стримови, а неговата најпопуларна песна „One Dance“ е пуштена 1,7 милијарди пати. На второ место е Ед Шеран, а следуваат Пост Малон, Ариана Гранде и Еминем.

Најслушана песна на деценијата е „Shape Of You„ од Шеран коај е пуштена 2,4 милијарди пати.

Најслушана песна во 2019 година е „Senorita“ од Шон Мендес и Камила Кабејо. Песната е објавена во јуни, а отогаш е преслушана милијарда пати. Веднаш зад неа се најде песната од Били Ајлиш „Bad Guy“ со 900 милиони стримови.

Били Ајлиш се најде и на врвот на најпопуларни албуми со својот деби албум „When We All Fall Asleep Where Do We Go“

Слични содржини