Spotify Wrapped ќе ви каже кои се вашите омилени песни и пејачи во 2018 година

од Vlatko K

Со наближувањето на 2019 година, Spotify го ажурира својот SpotifyWrapped-сајт кој овозможува на претплатниците интересна и сеопфатна слика за нивните музички навики во текот на изминатата година.

Значи, ако сте љубопитни колку часа сте поминале во слушање на музика преку Spotify или кои се песните кои сте ги слушале најмногу во последните неколку месеци, Spotify Wrapped ќе випомогне да ги најдете одговорите на овие прашања.

Вие само треба да се најавите со вашата Spotify сметка и на страницата веднаш ќе ја добиете вашата персонализирана статистика.

Една од првите работи што ќе ја видите е колку часови поминавте во слушање музика преку Spotify во изминатата година. Spotify Wrapped исто така ќе ви каже кои изведувачи сте ги слушале најмногу, кои песни сте ги вртеле најчесто и кој музички жанр ве влече најмногу.

Можеби најдобра карактеристика е дека стриминг компанијата им овозможува на корисниците да откријат нови уметници преку сопствена плејлиста со наслов „Tastebrakers“.

Тоа вклучува песни кои се слични на вашиот музички вкус, но кои се уште не сте ги слушале

Слични содржини