Спречена огромна ТРАГЕДИЈА: Професор совладал вооружен напаѓач во англиски колеџ

од Vladimir Zorba

Професор од колеџот Кроули совладал вооружен напаѓач кој шетал по колеџот и пукал по случаен избор, со што спречил трагедија.

Професор успеал да го совлада напаѓачот и да го сруши на земја, а неговите колеги притрчале на помош, објави „Скотиш Сан“, заедно со фотографии од настанот.

Очевидци наведуваат дека напаѓачот, вооружен со пиштол, шетал по колеџот и неговата околина, пукал по случаен избор и им викал на студентите да бегаат.

Наскоро пристигнала полицијата и го уапсила напаѓачот и беше објавено дека две лица биле полесно повредени, но ниту едно не било рането од огнено оружје, и покрај пукањето.

Антитерористичката полиција го истражува овој случај заедно со локалната полиција, а како што објавија, „сите можности за истрага се отворени“.

Слични содржини