СПРЕЧЕТЕ ГО ПРЕРАНОТО СТАРЕЕЊЕ НА КОЖАТА: Овие 5 антиоксиданси треба да ги користат сите жени по 30!

од Vladimir Zorba

Знаеме дека „слободни радикали“ звучат како многу лошо име за рок бенд од 70-тите, но всушност се работи за молекули кои се насекаде околу нас, а кои сериозно го оштетуваат изгледот и здравјето на нашата кожа. Така, слободните радикали доаѓаат од загадениот воздух, разните хемикалии, па дури и од чадот од цигарите, и како такви тие навистина се способни да го исцицаат целиот живот од кожата, како дементори. Но, тогаш има антиоксиданси кои се борат против нив и на тој начин го спречуваат оштетувањето на кожата. Звучи како бајка, но тоа е бајка со среќен крај!

Друга причина зошто ни се потребни антиоксиданси е важна тема за сите, а тоа е (предвремено) стареење на кожата. А, овде важи правилото „повеќе е повеќе“, бидејќи колку повеќе антиоксиданси добива кожата – толку подобро. Зашто, како што на нашето тело му е потребна соодветна количина на хранливи материи, така е и со кожата.

Да заклучиме: антиоксидансите помагаат во борбата против оштетувањето кое предизвикува предвремено стареење на кожата, ја смирува кожата, ја негува и ревитализира. Со нив вашата кожа не само што ќе биде здрава, туку и ќе изгледа божествено, свежо и сјајно. А, ако тоа не е сè што сакаме од нашиот тен, навистина не знаеме што е!

Прашањето е кои антиоксиданси се најдобри. Иако има десетици од нив кои се покажаа како фантастични за нега на кожата, има неколку кои се издвојуваат.

Витамин Е

Витаминот Е е познат и како токоферол или токотриеноли и е еден од најпознатите антиоксиданси. Витаминот Е е растворлив во масти и постои во природни и синтетички форми – и двете форми се добри, но сепак мала предност им се дава на природните бидејќи се посилни и имаат подолготрајно дејство.

Овој антиоксиданс делува на неколку начини со цел да ја заштити и одбрани кожата од надворешни елементи кои можат негативно да влијаат на неа. Затоа витаминот Е речиси секогаш се наоѓа во кремите за сончање за да го намали стресот предизвикан од изложеноста на штетното УВ зрачење.

Витаминот Е е совршен пар со витамин Ц, така што серумите и кремите против стареење со овие два витамини се двојно корисни за кожата.

Витамин Ц

Витаминот Ц (аскорбинска киселина, тетрахексилдецил аскорбат…) е моќен антиоксиданс најдобро познат по неговото дејство за регулирање на фините линии, брчки, уморен тен и нерамномерен тон на кожата. Со еден збор, витаминот Ц е најважниот антиоксиданс кога станува збор за зачувување на младешкиот изглед на кожата.

Кога се применува локално, витаминот Ц ја зачувува еластичноста на кожата, така што таа изгледа поцврста и помазна. Бидејќи го изедначува тенот, витаминот Ц исто така ја прави кожата видливо сјајна и помлада. Овој антиоксиданс ја смирува кожата и придонесува за хидратација, а во вашите производи за нега треба да се најде во концентрации од 0,5% до 20%.

Ресвератрол

Ресвератролот е моќен полифенолен антиоксиданс кој се наоѓа во црвеното грозје, црвеното вино, јаткастите плодови и овошјето како што се боровинки и брусница. Ново е во оваа тема, но веќе е докажано дека добро влијае на изгледот на кожата.

Кога се применува локално, одлично ја штити бариерата на кожата, го прави тенот посветол, блескав, посвеж и поопуштен; ја смирува кожата и го намалува црвенилото.

Ретинол

Ретинол (технички термин за витамин А) има долгогодишна репутација како една од најнеобичните состојки за кожата, но и најефективна за речиси секој проблем со кожата што може да се замисли.

Овој антиоксиданс ја подобрува отпорноста на кожата, што придонесува за нејзината општа состојба – кожата е здрава, затегната, младешка, со видно помали фини линии и брчки, тенот е изедначен, порите се стеснуваат, а сите површински „несовршености“ се намалуваат.

Зелен чај

Зелениот чај има место не само во вашата чаша – туку и во производите за нега. Кога се применува локално, зелениот чај е сериозен сојузник во борбата против стареењето на кожата благодарение на епигалокатехин-3 галат, кој помага во одбраната на кожата од негативни надворешни фактори. Зелениот чај има и многу благотворно дејство, што го прави одлична состојка за видливо смирување на црвенилото.

Слични содржини