Спречува пневмонија: Русија регистрираше лек за прскање против ковид-19

од Берта Китинска

Руското Министерство за здравство го регистрираше лекот „Леитрагин“ за третман и превенција на пневмонија предизвикана од вирусот ковид 19, објави денеска Руската агенција за медицина и биологија преку својата веб-страница.

– Лекот за спреј „Леитрагин“, развиен од Агенцијата за медицина и биологија, е регистриран во Министерството за здравство на Русија. Наменет е за превенција и третман на пневмонија. Целта е да се спречи воспаление на белите дробови, што е една од компликациите на вирусот корона – се наведува на веб-страницата на агенцијата, пренесе ТАС С.

Додадено е дека производството на лекот е во тек, пренесува Танјуг.

Леитрагин е првиот лек кој има за цел да спречи и да се избори со цитокинската бура предизвикана од ковид-19. За време на клиничкото тестирање, немаше смртни случаи или посериозни случаи кај 320 пациенти со умерени симптоми на ковид-19.

Пациентите кои земале Леитрагин се опоравувале во просек за осум дена, додека пациентите третирани со класични методи се опоравиле по 14 дена.

Слични содржини