Спроведувањето на законите за борба против корупцијата во С. Македонија на моменти било слабо и селективно, велат од Стејт Департментот

од Nikola Popovski

Според годинешниот извештај на Стејт департментот за климата за инвестирање во С. Македонија за 2021 година, водењето бизнис е генерално лесно, но постојан и главен проблем е корупцијата.

„Актуелната Комисија за борба против корупцијата (ДКСК), именувана во февруари 2019 година, продолжи со работа по усвојување на новата легислатива за антикорупција во јануари 2019 година, и е особено проактивна оттогаш. Комисијата отвори бројни истраги поврзани со корупција, фокусирани на високи официјални лица од политичкиот спектар, за наводни непотизам и конфликт на интереси“, стои во извештајот.

Понатаму во извештајот стои дека постојат неколку области што треба да се следат во 2021 година.

Во 2020 година, Амбасадата во Скопје го идентификуваше ИКТ како сектор во развој, зрел за инвестиции во САД, бидејќи Владата неодамна се фокусираше на обезбедување подобра околина за развој на технологијата. Локацијата на Северна Македонија е предност бидејќи компаниите сметаат дека е соодветно нивното производство да биде поблиску до потрошувачките центри во Европа, по пандемискиот производствен недостаток во 2020 година“, се вели во Извештајот.

Бројни меѓународни извештаи забележуваат дека владеењето на правото останува клучен предизвик во Северна Македонија, посочувајќи на прекумерно владино, бизнис и/или политичко мешање во судството, и недоволното финансирање и управување со административните судови како големи пречки.

„Владата продолжи со големи реформи, во текот на целата 2020 година, за подобрување на судската независност и непристрасност, но спроведувањето на договорите и согледуваните нетранспарентни практики за јавни набавки остануваат предизвик за деловните субјекти“, вели извештајот, во кој се додава дека владата не обезбедува никаква посебна заштита на невладините организации вклучени во истрагата на корупцијата.

„Многу бизниси кои работат во Северна Македонија, вклучително и некои американски бизниси, ја идентификуваа корупцијата како проблем во владините тендери и во судството. Ниту една локална фирма или непрофитна група не обезбедува услуги за проверка на потенцијални локални партнери за инвестиции. Странските компании често ангажираат локални адвокати, кои имаат познавање на локалните индустриски сектори и пристап до Централниот регистар и деловните здруженија, кои можат да обезбедат финансиски и позадински информации за локалните бизниси и потенцијалните партнери“, се констатира во извештајот.

Слични содржини